إعدادات العرض
„,Со вас ќе управуваат владетели кај кои ќе видите дека прават добро и лошо. Оној што ќе го потврди она што е добро ќе се спаси од казната како и оној што ќе го негира…
„,Со вас ќе управуваат владетели кај кои ќе видите дека прават добро и лошо. Оној што ќе го потврди она што е добро ќе се спаси од казната како и оној што ќе го негира лошото, но проблемот е во оној што се задоволува со лошото и кој го следи владетелот
Од Уму Селеме, мајката на верниците, радијаллаху анха, е пренесено дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „,Со вас ќе управуваат владетели кај кои ќе видите дека прават добро и лошо. Оној што ќе го потврди она што е добро ќе се спаси од казната како и оној што ќе го негира лошото, но проблемот е во оној што се задоволува со лошото и кој го следи владетелот.‘ Асхабите прашаа: ,Дали да се бориме против нив?‘ ,Не, сè додека клањаат намаз.‘, одговорил Пратеникот.“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी ئۇيغۇرچە Kurdî Hausa Português മലയാളം తెలుగు Kiswahili မြန်မာ Deutsch 日本語 پښتو Tiếng Việt অসমীয়া Shqip Svenska Čeština ગુજરાતી አማርኛ Yorùbá සිංහල தமிழ் ไทย دری Кыргызча or Kinyarwanda नेपाली Română Malagasy Lietuvių Oromoo Nederlands Soomaali Српски Українська ಕನ್ನಡ Wolof Moore ქართული Azərbaycan Magyarالشرح
Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, нè информира дека некои владетели ќе управуваат со нас и ќе ги поддржуваме во одредени постапки кои ќе бидат во согласност со шеријатот, а нема да се согласуваме со нив во другите постапки бидејќи му се спротивставуваат на верозаконот. Кој ќе реагира на злото, па дури и да го направи тоа само со своето срце ако не е во можност повеќе, ќе се спаси од гревот и лицимерието. А тој што може да го спречи злото со рацете или јазикот и го направи тоа, тој ќе се спаси од гревот и учеството во него. Од друга страна, кој ќе биде задоволен со нивните постапки и ќе ги следи во грев, ќе пропадне како што и тие пропаднале. Тогаш асхабите го прашале Аллаховиот пратеник, алејхи селам: „Зарем нема се бориме против таквите владетели?!“ Пратеникот им забранил да го направат тоа и рекол: „Не, сè додека клањаат намаз.“فوائد الحديث
Еден од доказите за пратеништвото на нашиот Пејгамбер, алејхи селам, се известувањата за тоа што ќе се случи во иднина, и фактот дека тие се случувале онака како што тој навестил.
Не е дозволено да бидеме задоволни со лошото ниту да учествуваме во него, должни сме лошото да го осудиме.
Ако владателите воведат работи кои се спротивни на верозаконот, ние не смееме да ги следиме во тоа.
Не е дозволено да се креваат востанија против владетел муслиман бидејќи тоа ќе предизвика огромна штета, ќе пролее крв и ќе ја дестабилизира безбедноста. Да имаме трпение и да ги поднесеме лошотиите што ги прават владетелите е полесно од тоа.
Намазот има голема вредност, тој го дели исламот и неверувањето.
التصنيفات
Побуна против владателот