إعدادات العرض
„Можеби ќе дојде време кога некој ќе слушне за мојот хадис додека лежи на својата софа и ќе каже: ,Меѓу нас и вас е Аллаховата Книга
„Можеби ќе дојде време кога некој ќе слушне за мојот хадис додека лежи на својата софа и ќе каже: ,Меѓу нас и вас е Аллаховата Книга
Микдам бин Ма’дикериб, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Можеби ќе дојде време кога некој ќе слушне за мојот хадис додека лежи на својата софа и ќе каже: ,Меѓу нас и вас е Аллаховата Книга. Што ќе најдеме во неа дека е дозволено, ќе го сметаме за дозволено, а што ќе најдеме дека е забрането, ќе го сметаме за забрането.’ Навистина, она што го забранил Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, е еднакво како и она кое го забранил Аллах.“
الترجمة
العربية Kurdî English Kiswahili Español اردو Português বাংলা Bahasa Indonesia فارسی தமிழ் हिन्दी සිංහල Tiếng Việt മലയാളം Русский မြန်မာ ไทย پښتو অসমীয়া Shqip Svenska Čeština ગુજરાતી አማርኛ Yorùbá Nederlands ئۇيغۇرچە Türkçe Bosanski Hausa తెలుగు دری Ελληνικά Български Fulfulde Italiano ಕನ್ನಡ Кыргызча Lietuvių Malagasy or Română Kinyarwanda Српски тоҷикӣ O‘zbek नेपाली Moore Oromoo Wolof Tagalog Soomaali Français Azərbaycan Українська bm ქართული Deutsch Magyar Lingala 中文الشرح
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известува дека ќе дојде време кога некои луѓе ќе седат, ќе бидат потпрени на нивните седелки и ќе слушне хадис од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, па ќе каже: „Она што ќе го реши спорот меѓу нас и вас е Куранот, тој ни е доволен. Што ќе најдеме во него дека е дозволено, ќе го спроведуваме, а што ќе најдеме дека е забрането, ќе го избегнуваме.“ Потоа Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, објасни дека сè што тој го забранил или го прогласил за харам во својот сунет, е исто како она кое Аллах го забранил во својата Книга, бидејќи тој е пренесувачот од својот Господар.فوائد الحديث
Почитувањето на сунетот е исто толку важно како и почитувањето на Куранот, треба да се следи и да се зема за доказ.
Покорноста кон Пратеникот е покорност кон Аллах, а непокорноста кон него е непокорност кон Аллах.
Потврда дека сунетот е доказ во верата и одговор на оние кои го отфрлаат или негираат.
Оној кој го отфрла Сунетот и тврди дека се придржува само кон Куранот, всушност ги отфрла и двата извора на исламот и лаже дека го следи Куранот.
Еден од доказите за неговото пратеништво е тоа што информирал за нешто што ќе се случи во иднината, и тоа се случило како што рекол.