Се колнам во Оној во чија рака е душата на Мухамед, бројот на неговите садови е поголем од бројот на ѕвездите и планетите

Се колнам во Оној во чија рака е душата на Мухамед, бројот на неговите садови е поголем од бројот на ѕвездите и планетите

Ебу Зерр, Аллах нека е задоволен со него, рекол: Прашав: „О, Аллахов Пратенику, какви се садовите на хаудот?" Тој одговори: ,,Се колнам во Оној во чија рака е душата на Мухамед, бројот на неговите садови е поголем од бројот на ѕвездите и планетите во темната и ведра ноќ. Кој ќе се напие од нив, никогаш повеќе нема да ожедни. Низ хаудот течат два тека од Џенетот; оној кој ќе пие од таа вода, никогаш нема да ожедни. Неговата ширина е колку и неговата должина, од Аман до Ејлат. Водата на хаудот е побела од млекото и послатка од медот."

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се заколна дека садовите на хаудот на Судниот ден ќе бидат побројни од ѕвездите и планетите на небото, кои можат да се забележат во темна ноќ без месечина; бидејќи во ноќта со месечина, ѕвездите не се јасно видливи поради светлината на месечината, а истото важи и за облаците што ја намалуваат видливоста на ѕвездите. Кој ќе се напие од џенетските садови, никогаш повторно нема да ожедни. И тоа ќе биде последниот пат кога ќе почувствува жед. Хаудот се полни од два џенетски водотеци, а неговата ширина е иста како должината; хаудот има правоаголни агли, со големина што одговара на растојанието од Аман до Ејлат. Водата на хаудот е побела од млекото и послатка од медот.

فوائد الحديث

Потврда за хаудот и уживањата што ги содржи.

Големината на хаудот, неговата должина и ширина, и бројот на садовите.

التصنيفات

Верувањето во последниот ден