„Аллах ја запишал одредбата на сите суштества 50.000 години пред да ги создаде небесата и земјата

„Аллах ја запишал одредбата на сите суштества 50.000 години пред да ги создаде небесата и земјата

Абдулах бин Амр бин ел Ас, Аллах нека е задоволен со него, рекол: Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Аллах ја запишал одредбата на сите суштества 50.000 години пред да ги создаде небесата и земјата, а Неговиот Арш - престол беше на водата.“

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известува дека Аллах ја запишал одредбата на сите суштества во детали, вклучувајќи го животот, смртта, ризкот и друго, во Левхул-Махфуз (Зачуваната плоча) 50.000 години пред да ги создаде небесата и земјата. Сè се случува според она што го одредил Возвишениот Аллах. Сè што постои е според одредбата на Возвишениот Аллах. Она што му се случило на човекот не можело да го одмине, а она што го одминало не можело да му се случи.

فوائد الحديث

Обврска за верување во Аллаховата одредба.

Одредбата е Аллаховото прецизно знаење за сè што се случува, Неговото запишување на истото, Неговото создавање и дека сè се случува според Неговата волја.

Верувањето дека одредбите се запишани пред создавањето на небесата и Земјата носи задоволство и помирување со Аллаховата одредба.

Престолот на Милостивиот беше врз вода пред создавањето на небесата и Земјата.