„Остави го она во што се сомневаш за она во што не се сомневаш.“

„Остави го она во што се сомневаш за она во што не се сомневаш.“

Од Ебу Мухамед, Хасан бин Али бин Ебу Талиб, внукот на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и неговото миризливо цвеќе, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: „Запамтив од Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: „Остави го она во што се сомневаш за она во што не се сомневаш.“

[صحيح] [رواه الترمذي والنسائي]

الشرح

Пратеникот, алејхи селам, наредил да се остават зборовите и постапките за кои постои сомнеж дали се забранети или не, дали се харам или халал, и да ги замени со оние во кои не постои сомнеж, за кои е сигурен дека се добри и дозволени.

فوائد الحديث

Муслиманот ќе ги смета работите според она во што е убеден, а ќе ги избегнува сомнителните ситуации. Во својата вера секогаш ќе работи со знаење.

Забрането е да навлегуваме во сомнителни работи.

Ако сакаш мир и спокој, остави ги и избегнувај ги сомнителните работи.

Аллаховата милост кон Неговите робови е голема, бидејќи им го нареди тоа што им носи мир во душата и умот, а им го забрани тоа што им носи грижа и немир.