Тој збор е вистината што џинот-шејтанот ја грабнува и му ја пренесува на гатачот, а кон тој збор додаваат повеќе од сто лаги.‘“

Тој збор е вистината што џинот-шејтанот ја грабнува и му ја пренесува на гатачот, а кон тој збор додаваат повеќе од сто лаги.‘“

Аиша, радијаллаху анха, вели: Некои луѓе го прашале Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, за гатачите, а тој им рекол: „,Тие не се ништо.‘, луѓето рекоа: ,Аллахов пратенику, понекогаш тие кажуваат нешто што е вистина.‘ Тој им одговори: ,Тој збор е вистината што џинот-шејтанот ја грабнува и му ја пренесува на гатачот, а кон тој збор додаваат повеќе од сто лаги.‘“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, бил прашан за оние кои ја предвидуваат иднината, па им кажал дека не треба да им се обрнува внимание, ниту да го слушаат нивниот говор, ниту да им се верува. Тие кажаа: Нивниот говор некогаш се совпаѓа со случките, некогаш известуваат дека ќе се случи нешто во иднината, во тој месец и на тој ден, и така се случува како што тие кажале. Аллаховиот пратеник, на тоа им рекол: Џините-шејтаните прислушкуваат информации на небесата, потоа се симнуваат кај нивните слуги гатачи и ги известуваат за тоа што го слушнале, а потоа гатачот додава кон ова што го слушнал од небото уште сто невистини.

فوائد الحديث

Забрането е да им веруваме на гатачите, тоа што го кажуваат е невистина и измислено, па дури некогаш и да се случи како што кажале.

Со испраќањето на Аллаховиот пратеник, алејхи селам, небото беше заштитено од тоа шејтаните да ја слушнат Објавата или нешто друго: Останува можноста некој да прилушкува скришум доколку се спаси од ѕвездата со која се гаѓа.

Џинот-шејтанот има свои пријатели меѓу луѓето.

التصنيفات

Тевхид улухијје- тевхид на обожување, Прашања поврзани со џахилијетот (предисламски период)