„Муслиман е оној од чии јазик и раце се сигурни останатите муслимани, а мухаџир е оној кој ќе го напушти она кое Аллах го забранил.“

„Муслиман е оној од чии јазик и раце се сигурни останатите муслимани, а мухаџир е оној кој ќе го напушти она кое Аллах го забранил.“

Абдулах бин Амр, радијаллаху анхума, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Муслиман е оној од чии јазик и раце се сигурни останатите муслимани, а мухаџир е оној кој ќе го напушти она кое Аллах го забранил.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, нè информира дека муслиман со потполна предаденост во исламот е оној од чиј јазик се безбедни другите муслимани. Не ги навредува, не пцуе, не озборува, вербално не ги вознемирува на кој било начин. Луѓето се безбедни и од неговите раце, тој не ги напаѓа, не им го одзема имотот незаконски и не прави ништо слично на претходно кажаното. А мухаџир е оној што ќе го остави она што од Аллах е забрането.

فوائد الحديث

Човекот нема да го достигне најпотполниот степен на исламот ако им штети на другите или ги вознемирува, материјално или нематеријално.

Посебно се спомнати јазикот и раката во хадисот, затоа што со нив најчесто грешиме и правиме штета, и најголемиот број на грди дела произлегува од нив.

Поттик да ги избегнуваме гревовите и да се придржуваме кон Аллаховите наредби.

Најдобар муслиман е тој што ги почитува и и исполнува правата на Аллах, Возвишениот, и правата на муслиманите.

Напаѓањето може да биде со зборови или дела.

Потполна хиџра е таа со која го избегнуваме она што Аллах го забранил.

التصنيفات

Зголемување и намалување на иманот - верувањето, Добри морални особини, Едеби на слушањето и зборувањето