,Оној што се бори за да се воздигне Аллаховиот збор, тој е на Аллаховиот пат.‘“

,Оној што се бори за да се воздигне Аллаховиот збор, тој е на Аллаховиот пат.‘“

Ебу Муса, радијаллаху анху, вели: „Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, бил прашан за човекот кој се бори за да покаже храброст, заоној кој се бори заради лојалност и за оној кој се бори за слава (убав помен) – кој од нив е на Аллаховиот пат? Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на ова прашање, одговорил: ,Оној што се бори за да се воздигне Аллаховиот збор, тој е на Аллаховиот пат.‘“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, бил прашан за намерите на борците: некој се бори бидејќи е храбар, некој пак затоа што е лојален кон некого, додека третиот за да биде забележан од луѓето, или од некоја друга причина. Кој од нив е на Аллаховиот пат? Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, одговорил дека борец на Аллаховиот пат е оној што се бори за да се воздигне и да надвладее Аллаховиот збор.

فوائد الحديث

Исправноста или неисправноста на делата зависи од намерата и искреноста во нивната посветеност на Аллах.

Ако целта на џихадот е возвишување на Аллаховиот збор, а притоа постои и друга дозволена намера, како што е стекнувањето на воен плен, со тоа не се нарушува основната намера.

Одбраната од непријателите бранејќи ја татковината и светите места се дел од џихадот на Аллаховиот пат.

Одликите што се спомнуваат за борците на Аллаховиот пат, се однесуваат само на оние кои се борат да надвладее и да се воздигне Аллаховиот збор.

التصنيفات

Едеби на џихадот