„Кој ќе го крене оружјето против нас – тој не е од нас.“

„Кој ќе го крене оружјето против нас – тој не е од нас.“

Од Ебу Муса ел-Ешари, радијаллаху анху, се пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе го крене оружјето против нас – тој не е од нас.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, предупредува на забраната од кревање оружје против муслиманите, било со цел да се заплашат, било за да им се одземе имотот. Кој и да го стори тоа без право, направил голем грев – еден од големите престапи (гревови) – и ја заслужил оваа остра закана и опомена од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем.

فوائد الحديث

Силно предупредување против муслиманот што се бори против своите браќа муслимани.

Едно од најголемите порочни дела и голем неред на земјата е кревањето оружје против муслиманите и ширењето неред преку убиства.

Заканата спомната во хадисот не се однесува на борбата која е со право, како што е:

– борба против побунети групи,

– борба против расипници на земјата, кои шират неред и други случаи (каде што шеријатот дозволува употреба на сила).

Забрането е заплашувањето на муслиманите со оружје или нешто друго – дури и ако е во шега.

التصنيفات

Грешење, Казна за разбојништво