„Навистина, најтешки намази за мунафиците се јација намазот и сабах намазот, но кога би знаеле какво (добро) има во нив, би доаѓале дури и ползејќи

„Навистина, најтешки намази за мунафиците се јација намазот и сабах намазот, но кога би знаеле какво (добро) има во нив, би доаѓале дури и ползејќи

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Навистина, најтешки намази за мунафиците се јација намазот и сабах намазот, но кога би знаеле какво (добро) има во нив, би доаѓале дури и ползејќи, и навистина, размислував да наредам намазот да се воспостави, па да назначам човек кој ќе им биде имам на луѓето, а потоа да отидам со луѓе кои носат снопови дрва до оние кои не присуствуваат на намазот, па да им ги запалам нивните куќи.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, нè известува за лицемерите и за нивната мрзеливост за присуството на намазите, особено вечерниот (јација) и утринскиот (сабах) намаз. Кога тие навистина, би ја знаеле вистинската вредност и награда за нивното присуство на овие намази во џемат, заедно со муслиманите, би дошле на нив дури и ползејќи како дете што ползи на раце и колена. . Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, бил решен да нареди намазот да започне, а тој да назначи човек кој ќе ги предводи луѓето наместо него, потоа да тргне со група која ќе носи врзопи дрва до домовите на оние што не учествуваат во заеднички намаз (во џемат), за да ги запали нивните куќи, поради тежината на гревот што го направиле. Сепак, тој не го направил тоа, бидејќи во тие домови имаше жени, деца и други невини или оправдани лица (да не присуствуваат во џамија) кои немаа никаква вина.

فوائد الحديث

Сериозноста на гревот на изостанување од заедничкиот намаз во џамијата.

Лицемерите со својот ибадет не целат на ништо друго освен на пофалби и стекнување углед, па затоа не доаѓаат на намаз освен кога ќе ги видат луѓето.

Големината на наградата за извршувањето на јација и сабах намазот во џемат, кои навистина заслужуваат да се дојде на нив, дури и ползејќи.

Редовното извршување на јација и сабах намазот е заштита од лицемерието, а изостанувањето од нив е својство на лицемерите.

التصنيفات

Хипокризија, Вредноста на намазот