„,Најмногу се плашам за вас од малиот ширк?‘. Присутните прашаа: ,А што е тоа мал ширк, о, Аллахов пратенику?‘ Тој одговори: ,Преправањето!

„,Најмногу се плашам за вас од малиот ширк?‘. Присутните прашаа: ,А што е тоа мал ширк, о, Аллахов пратенику?‘ Тој одговори: ,Преправањето!

Од Махмуд бин Лебид, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „,Најмногу се плашам за вас од малиот ширк?‘. Присутните прашаа: ,А што е тоа мал ширк, о, Аллахов пратенику?‘ Тој одговори: ,Преправањето!, на Судниот ден, кога ќе им суди на луѓето според нивните дела, Возвишениот Аллах ќе им рече: Одете кај оние за кои се преправавте и видете дали ќе ви дадат некаква награда.‘“

[حسن] [رواه أحمد]

الشرح

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ни дава до знаење дека најмногу се плаши од тоа да му се случи на неговиот умет малиот ширк, а тоа е преправањето, да направиме нешто заради луѓето. Потоа посочи на казната на Судниот ден која следи за оние кои прават добри дела заради други, ќе им се каже: „Одете кај оние заради кои сте ги направиле делата и видете дали можат да ви дадат награда за вашите дела.“

فوائد الحديث

Обврска е да бидеме искрени во нашите дела, тие да бидат заради Аллах, Возвишениот и да се вардиме од преправањето.

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, многу се грижеше за својот умет и се грижеше за неговото упатство и ги советуваше за тоа.

Ако овој страв постоеше кај него, алејхи селам, кога им зборуваше на асхабите, а тие се првенци меѓу добродетелите, тогаш стравот за тие после нив е уште поголем.

التصنيفات

Ширк (политеизам), Милоста на Божјиот пратеник, мир и благослов над него, према другите