за што друго да ти се заколнеме?‘ Тој рече: .Да го обожувате само Аллах и да не Му припишувате здруженик, дека ќе ги клањате петте намази и да бидете послушни – тогаш…

за што друго да ти се заколнеме?‘ Тој рече: .Да го обожувате само Аллах и да не Му припишувате здруженик, дека ќе ги клањате петте намази и да бидете послушни – тогаш тивко нешто изговори – и да не барате ништо од никого.‘

Од Ебу Муслим ел-Хавлани се пренесува дека рекол: Оној што го сакам и кого го сметам за доверлив, Авф бин Малик ел-Ешџеи, радијаллаху анху, ми рече: „Бевме со Аллаховиот пратеник, алејхи селам, девет, осум или седум дена, а тој нè праша: ,Дали ќе му дадете заклетва на Аллаховиот пратеник?‘ Ние некое време пред тоа му се заколнавме, па кажавме: ,Ти дадовме заклетва, Аллахов пратенику‘. ,Дали ќе му дадете заклетва на Аллаховиот пратеник?‘' – кажа пак тој, а ние рековме: ,Ти дадовме заклетва, пратенику на Аллах.‘ ,Дали ќе му дадете заклетва на Аллаховиот пратеник?‘, рече пак Пратеникот, а ние ги испруживме рацете и му рековме: ,Ти дадовме заклетва, о Аллахов пратенику, за што друго да ти се заколнеме?‘ Тој рече: .Да го обожувате само Аллах и да не Му припишувате здруженик, дека ќе ги клањате петте намази и да бидете послушни – тогаш тивко нешто изговори – и да не барате ништо од никого.‘ Видов некои од тие луѓе потоа кога ќе им паднеше бастунот, не бараа од никого да им го подигне.“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, еднаш бил со неколку асхаби и побарал да му се заколнат и да му ветат дека ќе извршуваат неколку работи: Прво: Да веруваат само во Аллах, Единствениот, така што ќе ги извршуваат Неговите наредби и ќе ги одбегниваат Неговите забрани и нема да Му припишуваат Нему рамен. Второ: Да ги клањаат петте задолжителни намази во текот на денот и ноќта. Трето: Да бидат им послушни во добрите дела на владетелите на муслиманите. Четврто: Сите потреби да ги упатат кон Аллах и да не молат никого од луѓето, ова Аллаховиот пратеник, алејхи селам, тивко го кажа. Овие асхаби, радијаллаху анхум, постапија според ветеното. Раскажувачот на овој хадис дури нагласил дека видел еден од нив, кога ќе му паднал камшикот (или стапот), тој не би побарал од никого помош да му го додаде, туку самиот би слегол да го земе.

فوائد الحديث

Поттик да не бараме од другите луѓе и да избегнуваме сè што се нарекува барање, да бидеме независни од луѓето па дури и ако се работи и за минорни работи.

Забранетото барање се однесува на овосветските потреби, а не ги опфаќа барањата врзани за знаењето и верските работи.

التصنيفات

Тевхид улухијје- тевхид на обожување