إعدادات العرض
„Оставете ме и не прашувајте ме повеќе од она што сум ве известил, бидејќи оние пред вас беа уништени поради нивните многубројни прашања и спротивставувањето на…
„Оставете ме и не прашувајте ме повеќе од она што сум ве известил, бидејќи оние пред вас беа уништени поради нивните многубројни прашања и спротивставувањето на нивните веровесници
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Оставете ме и не прашувајте ме повеќе од она што сум ве известил, бидејќи оние пред вас беа уништени поради нивните многубројни прашања и спротивставувањето на нивните веровесници. Кога ќе ви забранам нешто, воздржете се од тоа, а кога ќе ви наредам нешто, извршете го според вашите можности.“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी Hausa Kurdî Português සිංහල دری অসমীয়া Tiếng Việt አማርኛ Svenska ไทย Yorùbá Кыргызча Kiswahili ગુજરાતી नेपाली Română മലയാളം Nederlands Oromoo తెలుగు پښتو Soomaali Kinyarwanda Malagasy ಕನ್ನಡ Српски Moore ქართული Čeština Magyar Українська Lietuvių Azərbaycanالشرح
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, објаснил дека шеријатските прописи се поделени на три категории: премолчени работи, забрани и наредби. Што се однесува до првата категорија – она за што шеријатот премолчел и не пропишал јасен пропис – основата е дека за таквите работи нема пропис дека се обврска. Во времето на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, било задолжително да се избегнува поставување прашања за нешта кои не се случиле, од страв дека би можело за нив да се објави обврска или забрана. Аллах ги оставил таквите работи како милост кон Своите робови. По смртта на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, поставувањето прашања со цел да се добие фетва или да се научи она што е неопходно за верата е дозволено, па дури и наредено. Но, ако прашањата се поставуваат со цел да се создаде непотребна сложеност и деталност, таквото дело е она кое хадисот го осудува. Ваквите прашања може да доведат до ситуација слична на она што се случило со синовите Израилови, кога им било наредено да заколат крава. Да заколеле било каква крава, ќе ја исполнеле наредбата, но поради нивните дополнителни прашања и барања за деталите, нивната обврска станала уште поспецифична. Второ: Забраните. Тоа се работите за кои оној што ги избегнува добива награда, а оној што ги прави заслужува казна. Затоа, задолжително е целосно да се избегнуваат. Трето: Наредбите. Тоа се работите за кои оној што ги извршува добива награда, а оној што ги занемарува заслужува казна. Затоа, задолжително е да се извршуваат во рамките на можностите.فوائد الحديث
Потребно е да се посвети внимание на она што е најважно и неопходно во дадениот момент, да се избегнува она што не е приоритет и да не се поставуваат прашања за работи кои сè уште не се случиле.
Забрането е поставување прашања кои можат да доведат до комплицирање на прописите и отворање врата за сомнежи, што може да предизвика многу несогласувања.
Наредено е избегнување на сите забранети работи, бидејќи нивното избегнување не предизвикува тешкотии. Затоа, забраната за нив е општа.
Наредено е извршување на она што е наредено, но во рамките на можностите, бидејќи понекогаш тоа може да предизвика тешкотии или човек може да не биде во состојба да го изврши. Затоа, наредбата е условена со можностите.
Забраната за поставување многу прашања е потенцирана. Алимите ги поделиле прашањата на два вида:
Прво: Прашања кои се поставуваат за учење и разбирање на она што е неопходно од верата. Овие прашања се дозволени па дури и наредени, како што биле прашањата на асхабите.
Второ: Прашања кои се поставуваат со цел претерано истражување и непотребно комплицирање. Токму ваквите прашања се забранети.
Предупредување до овој умет да не му се спротивставува на својот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како што тоа го правеа претходните народи.
Поставувањето многу прашања за работи кои не се неопходни и несогласувањето со веровесниците се причини за пропаст, особено кога станува збор за прашања кои не можат да се дознаат, како прашањата за гајбот (скриеното), кои само Аллах ги знае, и за состојбите на Судниот ден.
Забраната за поставување тешки и сложени прашања. Ел-Евзаи рекол: „Кога Аллах сака да го лиши Својот роб од благословот на знаењето, на неговиот јазик му става заплеткани прашања. Навистина, таквите имаат најмалку знаење.“
Ибн Вехб рекол: „Чув како Малик вели: ,Препирањето во знаењето ја одзема светлината на знаењето од срцето на човекот.‘“