Остави го она во што се сомневаш за она во што не се сомневаш, бидејќи искреноста е спокој, а лажењето е сомнеж.‘“

Остави го она во што се сомневаш за она во што не се сомневаш, бидејќи искреноста е спокој, а лажењето е сомнеж.‘“

Од Ебу Хавра ес-Сади, се пренесува: „Му реков на Хасан бин Али, радијаллаху анхума: ,Што научи од Аллаховиот Пратеник, алејхи селам?‘ Тој рече: ,Го научив од Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, следново: Остави го она во што се сомневаш за она во што не се сомневаш, бидејќи искреноста е спокој, а лажењето е сомнеж.‘“

[صحيح]

الشرح

Пратеникот, алејхи селам, му заповедал да ги остави зборовите и постапките за кои постои сомнеж дали се забранети или не, дали се харам или халал, и да ги замени со она во што не постои сомнеж, за што е сигурен дека е добро и дозволено, за што срцето е спокојно и смирено, додека сомнителното го плаши и вознемирува срцето.

فوائد الحديث

Муслиманот ќе ги смета работите според она во што е убеден, а ќе ги избегнува сомнителните ситуации. Во својата вера секогаш ќе работи со знаење.

Забрането е да навлегуваме во сомнителни работи.

Ако сакаш мир и спокој, остави ги и избегнувај ги сомнителните работи.

Аллаховата милост кон Неговите робови е голема, бидејќи им го нареди тоа што им носи мир во душата и умот, а им го забрани тоа што им носи грижа и немир.

التصنيفات

Противречности и оценување на точноста на мислењата