إعدادات العرض
„Пазете се од сомнежот, навистина тој е најлажниот говор
„Пазете се од сомнежот, навистина тој е најлажниот говор
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Пазете се од сомнежот, навистина тој е најлажниот говор. Немојте да се демнеете и да се шпионирате, немојте да си завидувате ниту да си вртите грб едни на други и не мразете се, туку бидете Аллахови робови и браќа!“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी Kurdî Hausa Português മലയാളം తెలుగు Kiswahili தமிழ் မြန်မာ Deutsch 日本語 پښتو Tiếng Việt অসমীয়া Shqip Svenska Čeština ગુજરાતી አማርኛ Yorùbá ئۇيغۇرچە සිංහල ไทย دری Кыргызча or Kinyarwanda नेपाली Română Malagasy Lietuvių Oromoo Nederlands Soomaali Српски Українська ಕನ್ನಡ Wolof Moore ქართული Azərbaycan Magyarالشرح
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, забранил и предупредил од некои работи кои создаваат нетрпеливост и непријателство помеѓу муслиманите, а такви се: (Сомнежот) а тоа значи обвинување кое се создава во срцето без никакви докази, и ни појаснил дека такво нешто е најлажен говор. И од (демнеење) а тоа е: да истражуваме за срамотиите на другите луѓе, било да го правиме тоа со опсервација или слушање. Потоа (шпионирање), да ги истражуваме скриените работи, а најчесто се употребува за лошите работи. И од: (завист) а тоа е кога мразиме некој да се здобие со разни благодати. И од: (да свртиме грб) така што не комуницираме со другите, не се поздравуваме ниту одиме на посета кај другиот брат муслиман. И од (меѓусебна омраза) одбивност и отуѓување, како што е да ги навредуваме другите, да се муртиме и да бидеме непријатни во комуникацијата. Потоа, Аллаховиот пратеник упати една сеопфатна порака, со која е можна поправка на состојбата меѓу муслиманите: „И бидете Аллахови робови и браќа.“ Братството е врска со која ќе се регенерираат меѓусебните односи и ќе се зголеми меѓусебната љубов и почит.فوائد الحديث
Не пречи да се има лошо мислење за оние кои покажуват знаци на зло. Верникот мора да биде остроумен и перцептивен, не смее да биде измамен од оние што прават грев и бесрамни дела.
Предупредувањето овде е за: обвинение кое извира во душата и ќе биде постојано, а ако се појави во душата но нема да биде перманентно, тогаш за тоа нема да одговараме.
Забранети се сите причини кои водат кон нетрпеливост и не комуникација помеѓу членовите на една муслиманска заедница, како што се: шпионирање, завист и слично.
Препорака да се однесуваме кон муслиманот како кон братот, било да се работи за советување или се работи за меѓусебна љубов.
التصنيفات
Лоши морални особини