„Не е силен, тој кој е појак во борењето, силен е тој кој се контролира себеси во лутина.“

„Не е силен, тој кој е појак во борењето, силен е тој кој се контролира себеси во лутина.“

Од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, се пренесува, дека Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: „Не е силен, тој кој е појак во борењето, силен е тој кој се контролира себеси во лутина.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Во овој хадис, Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, ни објаснува дека физичката сила не е вистинска сила, како силата на тој што ќе победи во борење со некој појак од себе. Вистинската сила е кога човекот ќе се победи и порази себеси при состојба на лутина, бидејќи тоа покажува дека тој е способен да се контролира себеси и да го победи шејтанот.

فوائد الحديث

Вредноста на благост и на самоконтролата при лутина, и дека овие особини се од добрите дела на кои нѐ поттикнува исламот.

Борбата со самиот себе кога сме лути е потешка од борбата со непријателот.

Ислам го менува разбирањето за поимот сила-јакост кое постоеше во џахилиетот со благородни особини, така најсилниот помеѓу луѓето е тој што се контролира себеси.

Оддалечување од лутината; бидејќи таа предизвикува штета како на поединец така и на целата заедница.

التصنيفات

Добри морални особини