„Кој верува во Аллах и во Судниот ден, нека зборува добро, или нека молчи

„Кој верува во Аллах и во Судниот ден, нека зборува добро, или нека молчи

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој верува во Аллах и во Судниот ден, нека зборува добро, или нека молчи. Кој верува во Аллах и во Судниот ден, нека го почитува својот сосед. Кој верува во Аллах и во Судниот ден, нека го почести својот гостин.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, нѐ известил дека верникот кој верува во Аллах и Судниот ден, кој неминовно ќе се случи и на тој ден ќе одговараме за нашите дела, неговото верување го насочува да ги извршува следниве практики: Прво: Убаво зборување, како што е славењето и спомнувањето на Аллах, наредувањето за добри дела, одвраќањето од лошите дела, помирувањето на скараните, а доколку не прави вакви работи тогаш е најдобро да молчи, да не вознемирува никого и да внимава на јазикот. Второ: Почитувањето на соседот, да му прави добрина и да не го вознемирува. Трето: Почит кон гостинот кој ти дошол во посета, со убава комуникација, со зготвување на јадење и слично.

فوائد الحديث

Верувањето во Аллах и Судниот ден е основа на секое добро, и го мотивира човекот на извршување добри дела.

Предупредувањето на грев кој се прави со зборување.

Исламот е вера на меѓусебна блискост и благородност.

Овие карактеристики се дел од верувањето и се пофални етички особини.

Прекумерното зборување може да нѐ одведе до непожелни или забранети состојби, од друга страна спасот е во молчењето, освен кога зборуваме за добрина.

التصنيفات

Добри морални особини