„Мојот хауд е широк колку растојание од еден месец. Неговата вода е побела од млекото, а мирисот му е поубав од мошусот

„Мојот хауд е широк колку растојание од еден месец. Неговата вода е побела од млекото, а мирисот му е поубав од мошусот

Абдуллах бин Амр, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Мојот хауд е широк колку растојание од еден месец. Неговата вода е побела од млекото, а мирисот му е поубав од мошусот. Чашите му се бројни како ѕвездите на небото. Кој ќе се напие од него, никогаш нема да ожедни.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известува дека има посебен хауд (базен односно езерца) на Судниот ден, долг и широк колку што се поминува за еден месец патување. Водата му е побела од млекото, а мирисот поубав од мошусот. Чашите му се бројни како и ѕвездите на небото. Кој ќе се напие од тој базен, никогаш нема да ожедни.

فوائد الحديث

Хаудот на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, е голем воден резервоар кој ќе го посетат верниците од неговиот умет на Судниот ден.

Голема благодат ги чека оние кои ќе се напијат од него, така што никогаш нема да ожеднат.

التصنيفات

Верувањето во последниот ден