إعدادات العرض
„Сè е предодредено, дури и немоќта и способноста, или способноста и немоќта.“
„Сè е предодредено, дури и немоќта и способноста, или способноста и немоќта.“
Од Тавус се пренесува дека рекол: „Сретнав некои од асхабите на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кои велеа дека сè е предодредено. Го слушнав Абдулах бин Омер, Аллах нека е задоволен од него, како вели: Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Сè е предодредено, дури и немоќта и способноста, или способноста и немоќта.“
الترجمة
العربية English မြန်မာ Svenska Čeština ગુજરાતી አማርኛ Yorùbá Nederlands اردو Español Bahasa Indonesia ئۇيغۇرچە বাংলা Türkçe Bosanski සිංහල हिन्दी Tiếng Việt Hausa മലയാളം తెలుగు Kiswahili ไทย پښتو অসমীয়া Shqip دری Ελληνικά Български Fulfulde Italiano ಕನ್ನಡ Кыргызча Lietuvių Malagasy Română Kinyarwanda Српски тоҷикӣ O‘zbek नेपाली Moore Kurdî Oromoo Soomaali Français Wolof Azərbaycan Tagalog Українська தமிழ் bm Deutsch ქართული Português Magyarالشرح
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, објаснил дека сè е предодредено: Дури и немоќта, која во овој контекст се однесува на оставањето на обврските, одложувањето и оддолжувањето на она што треба да се направи во точното време, било да се работи за овосветските или ахиретските дела. Дури и способноста која подразбира активност и вештина при извршување на обврските, без разлика дали се однесуваат на овосветските или ахиретските дела. Возвишениот Аллах ја предодредил и немоќта и способноста, како и сè друго. Ништо не се случува освен според Неговата волја и совршено знаење.فوائد الحديث
Ова го објаснува верувањето на асхабите, Аллах нека е задоволен од нив, во врска со предодредувањето (кадерот).
Сè што се случува е според Аллаховата одредба, вклучувајќи ја и немоќта и способноста.
Асхабите биле внимателни и прецизни при пренесувањето на хадисите од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.
Верувањето во Божјата предодредба ги опфаќа и доброто и злото.