„Кога некој од вас ќе влезе во џамија, нека клања два реката пред да седне.“

„Кога некој од вас ќе влезе во џамија, нека клања два реката пред да седне.“

Од Ебу Катаде Ес-Селемиј, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот Пратеник,салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кога некој од вас ќе влезе во џамија, нека клања два реката пред да седне.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го поттикнал секој што ќе влезе во џамија — во кое било време и со каква било намера — да клања два реката пред да седне. Овие два реката се нарекуваат „Техијјат ал-месџид“ (поздрав на џамијата)

فوائد الحديث

Препорачливо е да се клањаат две реката, како поздрав кон џамијата, пред да се седне.

Оваа наредба се однесува на оној кој има намера да седне во џамијата, а не на оној што само ќе влезе и ќе излезе без да седне.

Ако некој влезе во џамијата и ги најде луѓето како веќе клањаат, тој ќе му се приклучи на намазот — тогаш тој е ослободен од обврската да ги клања два реката (техијјат ал-месџид).

التصنيفات

Доброволни намази, Прописи за џамиите