„На милостивите ќе им се смилува Милостивиот, бидете милостиви кон оние што се на Земјата, ќе ви се смилува Оној Кој е на небесата.“

„На милостивите ќе им се смилува Милостивиот, бидете милостиви кон оние што се на Земјата, ќе ви се смилува Оној Кој е на небесата.“

Абдулах бин Амр, радијаллаху анхума, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „На милостивите ќе им се смилува Милостивиот, бидете милостиви кон оние што се на Земјата, ќе ви се смилува Оној Кој е на небесата.“

[صحيح] [رواه أبو داود والترمذي وأحمد]

الشرح

Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, објаснува дека оние кои се милостиви кон другите, им се смилува Милостивиот со Неговата милост која опфаќа сè, како прикладна награда. Потоа, Пратеникот, алејхис-селам, наредил да се покажува милост кон сите на Земјата – било да е човек, животно, птица или некој друг вид од суштествата. Наградата за тоа е Возвишениот Аллах да ви се смилува од над Неговите небеса.

فوائد الحديث

Исламската вера е вера на милоста, која целосно се темели на покорност кон Возвишениот Аллах и доброчинство кон созданијата.

Аллах, Возвишениот, е опишан со милост. Тој е Семилостив, Милостивиот, кој ја пренесува Својата милост до Своите робови.

Наградата е според видот на делото; па на милостивите ќе им се смилува Милостивиот.

التصنيفات

Тевхид на Аллаховите имиња и атрибути, Добри морални особини