„Во иднината ќе се појави себичност и злоупотреба (од владетелот) и работи кои ќе ги осудувата ,Аллахов Пратенику, што ни наредуваш?‘, прашале асхабите. ,Извршете…

„Во иднината ќе се појави себичност и злоупотреба (од владетелот) и работи кои ќе ги осудувата ,Аллахов Пратенику, што ни наредуваш?‘, прашале асхабите. ,Извршете ја обврската што ја имате и побарајте го од Аллах правото што ви припаѓа‘“ – одговорил Пратеникот

Од Ибн Месуд, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Во иднината ќе се појави себичност и злоупотреба (од владетелот) и работи кои ќе ги осудувата ,Аллахов Пратенику, што ни наредуваш?‘, прашале асхабите. ,Извршете ја обврската што ја имате и побарајте го од Аллах правото што ви припаѓа‘“ – одговорил Пратеникот.

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, нè информирал дека со муслиманите ќе владеат водачи кои ќе ги присвојуваат нивните имоти и други овосветски работи. Ќе ги трошат како што сакаат и нема да им го дадат правото кое им следува муслиманите во тој имот. Ќе прават и работи во верата кои муслиманите ќе ги негираат (ќе ги сметаат за недозволени). Асхабите, радијаллаху анхум, прашале: Што да се прави во таква ситуација? Пророкот, алејхи селам, ги известил дека не треба да ги спречи тоа што нивното право е узурпирано од обврската што ја имаат кон владетелите, да бидат трпеливи, послушни и покорни и да не се побунуваат против нив. Побарајте го правото кое го имате од Возвишениот Аллах, и побарајте од Него да ги поправи владетелите и да ве заштити од нивното зло и неправда.

فوائد الحديث

Овој хадис е еден од доказите за пратеништвото на нашиот Пратеник, алејхи селам, имајќи предвид дека тој наговестил што ќе се случи со неговиот умет, и тоа се случило токму така како што кажал.

Дозволено е да му се наговести на човекот какво искушение го чека за психички да се подготви за тоа. А кога ќе се случи, човекот ќе биде трпелив, очекувајќи награда за тоа.

Да се држиме цврсто за Аллаховата книга и традицијата-сунетот е излез од искушенијата и несогласувањата.

Поттик да бидеме послушни и покорни на владателите во добрите практики, да не креваме востание, па дури и кога тие ќе направат некоја неправда.

Треба да бидеме мудри и да ја следиме традицијата-сунетот во времето на искушенијата.

Човекот мора да ги извршува обврските кои ги има, па дури и кога ќе му биде нанесена некаква неправда.

Овој хадис е доказот за правилото: Избираме помало зло или помала штета (помеѓу две).

التصنيفات

Должноста на владателот