„Кога луѓето ќе го видат зулумќарот (насилникот) и нема да го спречат, Аллаховата казна наскоро ќе ги опфати сите.“

„Кога луѓето ќе го видат зулумќарот (насилникот) и нема да го спречат, Аллаховата казна наскоро ќе ги опфати сите.“

Од Ебу Бекр ес-Сидик, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: Луѓе вие го читате овој ајет: „О, верници, грижете се за себе; ако сте на Вистинскиот пат, нема да ви наштети тој што заталкал!" А јас го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Кога луѓето ќе го видат зулумќарот (насилникот) и нема да го спречат, Аллаховата казна наскоро ќе ги опфати сите.“

[صحيح] [رواه أبو داود والترمذي والنسائي في الكبرى وابن ماجه وأحمد]

الشرح

Ебу Бекр ес-Сидик, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека луѓето го рецитираат следниот ајет: „О, верници, грижете се за себе; ако сте на Вистинскиот пат, нема да ви наштети тој што заталкал!" (Ел Маиде, 105) И го разбираат на начин дека човекот треба да се грижи само за сопствената исправност, мислејќи дека, откако ќе го стори тоа, нема да му наштети заблудата на другите и дека не се должни да наредуваат добро и да го спречуваат злото. Тој им објаснил дека ајетот не се толкува на тој начин и дека го слушнал Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Кога луѓето ќе го видат зулумќарот (насилникот) и нема да го спречат во неговото угнетување, и кога имаат можност да го спречат, Аллах ќе ги опфати сите со Својата казна – и оној што го правел злото, и оној што молчел пред него.“

فوائد الحديث

Обврска на муслиманите е да се советуваат меѓусебно, да наредуваат добро и да го спречуваат злото.

Аллаховата општа казна ги опфаќа и зулумќарот за неговото угнетување, како и оној што молчи и не го осудува злото, иако бил во можност да го спречи.

Подучувањето на луѓето и објаснувањето на куранските текстови мора да биде на исправен начин.

Човекот е должен да се стреми кон правилното разбирање на Аллаховата Книга, за да не ја толкува спротивно на она што Аллах го бара.

Упатствоto не е целосно доколку се занемари наредувањето на доброто и спречувањето на злото.

Исправното толкување на ајетот гласи: „Придржувајте се кон тоа да ги заштитите вашите души од гревови. Ако ги заштитите вашите души, нема да ви наштети ако не успеете да наредувате добро и да спречувате зло, ниту ќе ви наштети заблудата на оние кои ги прават забранетите дела, сè додека вие сте упатени да ги избегнувате.“

التصنيفات

Прописот за наредба на доброто и забрана на лошото