,Воздржи се од овој свет – Аллах ќе те засака. Биди воздржан од она што го имаат луѓето – луѓето ќе те засакаат.’“

,Воздржи се од овој свет – Аллах ќе те засака. Биди воздржан од она што го имаат луѓето – луѓето ќе те засакаат.’“

Ебу Абас, Сехл бин Сад ес-Саиди, Аллах нека е задоволен со него, рекол: „Еден човек дојде кај Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и рече: ,О, Божји пратенику, упати ме кон дело кое ако го правам, Аллах ќе ме засака, а и луѓето ќе ме засакаат.‘ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му рече: ,Воздржи се од овој свет – Аллах ќе те засака. Биди воздржан од она што го имаат луѓето – луѓето ќе те засакаат.’“

الشرح

Еден човек го прашал Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, да го упати кон дело кое, ако го прави, Аллах ќе го засака, а и луѓето ќе го сакаат. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му одговорил: „Аллах ќе те засака ако се воздржиш од украсите на овој свет, од она што не ти носи корист на Ахиретот, и од она што може да ти наштети на верата. А луѓето ќе те засакаат ако се воздржиш од тоа што е во нивните раце од овој свет, бидејќи тие по нивната природа го сакаат тоа. Кој ќе се натпреварува со нив за тоа – тие ќе го замразат, а кој ќе го остави за нив – тие ќе го засакаат.“

فوائد الحديث

Доблеста на зухдот (аскетството) на овој свет, а зухд е: да се остави она што не носи корист на Ахиретот.

Зухдот е повисок степен од „воздржаноста“, бидејќи воздржаноста претставува оставање на она што може да наштети, додека зухдот претставува оставање на она од кое нема корист на Ахиретот.

Ес-Синди рекол: „Дуњалукот по својата природа им е драг на луѓето. Оној што ќе се натпреварува со нив за него – ќе стане омразен кај нив во таа мера; а оној што ќе им го остави она што им е омилено – ќе биде сакан во нивните срца сходно на неговото аскетство.“

التصنيفات

Скромност и побожност