„Аллах е задоволен од робот кој, кога нешто јаде, Му Се заблагодарува за тоа, или кога нешто пие, Му Се заблагодарува за тоа.“

„Аллах е задоволен од робот кој, кога нешто јаде, Му Се заблагодарува за тоа, или кога нешто пие, Му Се заблагодарува за тоа.“

Енес бин Малик, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, рекол: „Аллах е задоволен од робот кој, кога нешто јаде, Му Се заблагодарува за тоа, или кога нешто пие, Му Се заблагодарува за тоа.“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, ни кажува дека кога робот Му се заблагодарува на својот Господар за благодатите што му ги дал, тој со тоа го стекнува Неговото задоволство. Кога ќе изеде некоја храна, тој Му се заблагодарува на Аллах, а кога ќе испие нешто, повторно Му се заблагодарува на Аллах.

فوائد الحديث

Благородноста на Аллах Возвишениот, Тој го дава снабдувањето и е задоволен кога некој се заблагодарува за тоа.

Аллаховото задоволство се добива и со лесно дело, како што е заблагодарување после јадење или пиење.

Исламските манирите при обедување налагаат да Му се заблагодариме на Аллах, Возвишениот, по завршетокот на секој оброк.

التصنيفات

Едеби при јадењето и пиењето