„Аллах рекол: ,Давај (помагај), о сине на Адем, па ќе ти биде дадено (ќе ти се помогне).‘“

„Аллах рекол: ,Давај (помагај), о сине на Адем, па ќе ти биде дадено (ќе ти се помогне).‘“

Од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: „Аллах рекол: ,Давај (помагај), о сине на Адем, па ќе ти биде дадено (ќе ти се помогне).‘“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, нè известува дека Возвишениот Аллах рекол: „Сине Адамов (човеку), давај од твојот имот – она што ти е задолжително-фарз или пофално-мустехаб – а Јас ќе ти надоместам за тоа и ќе ти дадам бериќет во имотот.“

فوائد الحديث

Поттик за давање милостина и споделување на имотот на Аллаховиот пат.

Давањето во добротворни цели е причина за бериќет во имотот и во неговото зголемување, но исто така Аллах ќе му го надомести на Својот роб она што го потрошил во таа намена.

Овој хадис во кој Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пренесува од Аллах се нарекува хадис кудси или хадис илахи (божествен хадис). Тоа е хадис чиишто изрази и значења се од Семоќниот Аллах, но ги нема оние карактеристики на Куранот со кои тој се одликува, како што се: неговото цитирање претставува чин на обожување, обврската да бидеме чисти кога го допираме, Куранот е објавен да ги предизвика кон сите луѓе и некои други специфичности.

التصنيفات

Издржување, Доброволно милосрдие - садака