„Кој ќе отседне на некое место и каже: ,Е’узу би келиметиллахит-таммати мин шерри ма халека.‘ (Барам заштита, со потполните Аллахови зборови од злото кое го создал.)…

„Кој ќе отседне на некое место и каже: ,Е’узу би келиметиллахит-таммати мин шерри ма халека.‘ (Барам заштита, со потполните Аллахови зборови од злото кое го создал.) Ништо лошо нема да му се случи сè додека не замине од тоа место.“

Хавла бинт Хаким ес Сулемије пренесува: Го слушнав Аллаховиот ператеник, алејхи селам, дека рекол: „Кој ќе отседне на некое место и каже: ,Е’узу би келиметиллахит-таммати мин шерри ма халека.‘ (Барам заштита, со потполните Аллахови зборови од злото кое го создал.) Ништо лошо нема да му се случи сè додека не замине од тоа место.“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, го подучил својот умет како да бараат засолниште кај Аллах од секое зло од кое се плаши човекот кога ќе се најде на кое било место на Земјата, без разлика дали е тоа на патување или на прошетка или нешто друго: ќе бараме засолниште со потполните зборови на Аллах, преполни со благодат, корист и бериќет и кои немаат никаква маана ниту недостаток. Со нив се бара прибежиште кај Аллах од злото на секое суштество и така човекот ќе биде безбеден од секакви видови на злоо додека е на тоа место.

فوائد الحديث

Да бараме засолниште е ибадет, доколку го бараме со името на Аллах, Возвишениот, или со Неговите имиња и атрибути.

Дозволено е да се бара засолниште со говорот на Аллах бидејќи тој е еден од Неговите својства, спротивно на тоа: да бараме засолниште од кое било суштество претставува ширк (политеизам).

Вредноста на оваа дова и нејзиниот бериќет.

Барањето заштита со спомнувањето на Аллах е причина за заштитата на Аллаховиот роб од злото.

Неисправно е да бараме прибежиште и засолниште кај некој друг освен Аллах. Не е дозволено заштита да се бара од џините, сихирбазите, деџалите и останатите.

Обврска е оваа молитва да ја каже секој ва местото каде ќе остане (ќе преноќи, ќе живее) било да се работи за патување или не се работи за патување.

التصنيفات

Дови за вонредни ситуации