„О, Аллахов пратенику, не оставив ниту мал ниту голем грев а да не сум го сторил.“ Пратеникот го праша: „Сведочиш ли дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека…

„О, Аллахов пратенику, не оставив ниту мал ниту голем грев а да не сум го сторил.“ Пратеникот го праша: „Сведочиш ли дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Аллахов пратеник?“

Енес, Аллах нека е задоволен од него, пренесува: Еден човек дојде кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и рече: „О, Аллахов пратенику, не оставив ниту мал ниту голем грев а да не сум го сторил.“ Пратеникот го праша: „Сведочиш ли дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Аллахов пратеник?“ - трипати. Човекот одговори: „Да.“ Пратеникот рече: „Тоа сведочење ги брише сите тие гревови.“

[صحيح] [رواه أبو يعلى والطبراني والضياء المقدسي]

الشرح

Еден човек дојде кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и рече: „О, Аллахов пратенику, направив секакви гревови и не оставив ниту мал ниту голем грев, а да не сум го направил. Дали ќе ми биде простено?“ Пратеникот го праша: „Сведочиш ли дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Аллахов Пратеник?“ Истото прашање го повтори трипати. Човекот одговори: „Да, сведочам.“ Тогаш Пратеникот му објасни дека шехадетот ги брише сите гревови и дека покајанието ги брише претходните гревови.

فوائد الحديث

Величината на шехадетот и дека тој ги надвладува гревовите на оној кој го изговара искрено од срце.

Исламот ги брише сите претходни гревови.

Искреното покајание ги брише претходните гревови.

Повторувањето на одредени зборови при поучувањето е од праксата на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.

Вредноста на шехадетот и неговата улога како причина за спас од вечниот оган.

التصنيفات

Вредноста на тевхидот