إعدادات العرض
„Ќе бидам покрај хаудот и ќе гледам кој од вас ќе дојде кај мене. Некои луѓе ќе бидат оддалечени од мене, па ќе прашам: Господару мој, тие се мои, од мојот умет
„Ќе бидам покрај хаудот и ќе гледам кој од вас ќе дојде кај мене. Некои луѓе ќе бидат оддалечени од мене, па ќе прашам: Господару мој, тие се мои, од мојот умет
Есма ќерката на Ебу Бекр, Аллах нека е задоволен со нив, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Ќе бидам покрај хаудот и ќе гледам кој од вас ќе дојде кај мене. Некои луѓе ќе бидат оддалечени од мене, па ќе прашам: Господару мој, тие се мои, од мојот умет. Ќе ми биде речено: Дали знаеш што направија по тебе? Се вратија назад и се откажаа од својата вера.“
الترجمة
العربية English မြန်မာ Svenska Čeština ગુજરાતી አማርኛ Yorùbá Nederlands اردو Español Bahasa Indonesia ئۇيغۇرچە বাংলা Türkçe Bosanski සිංහල हिन्दी Tiếng Việt Hausa മലയാളം తెలుగు Kiswahili ไทย پښتو অসমীয়া Shqip دری Ελληνικά Български Fulfulde Italiano ಕನ್ನಡ Кыргызча Lietuvių Malagasy or Română Kinyarwanda Српски тоҷикӣ O‘zbek नेपाली Moore Kurdî Oromoo Wolof Soomaali Français Azərbaycan Tagalog Українська தமிழ் bm Deutsch ka Portuguêsالشرح
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, објаснува дека на Судниот ден ќе биде на својот хауд за да види кој од неговиот умет ќе дојде до хаудот. Некои луѓе ќе бидат оддалечени од него, па ќе рече: Господару мој, тие се мои и од мојот умет. Ќе му биде речено: Дали (Ти не) знаеш што направија по твоето заминување? Се вратија назад и се откажаа од својата вера, и тие не се ниту твои, ниту од твојот умет.فوائد الحديث
Ова укажува на милоста на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кон неговиот умет и неговата грижа за нив.
Исто така, ја истакнува опасноста од отстапувањето од патот на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.
Поттикнува на придржување кон неговиот Сунет.