О Билал, повикај на намаз– одмори нѐ со него.‘“

О Билал, повикај на намаз– одмори нѐ со него.‘“

Од Салим ибн ебу Ел-Џад, се пренесува дека рекол: Еден човек рече: „,Кога би клањал, би можел да се одморам.‘ А луѓето како да го укорија за тие зборови. Тогаш тој рече: ,Јас го слушнав Пратеникот салаллаху алејхи ве селем, како вели: О Билал, повикај на намаз– одмори нѐ со него.‘“

[صحيح] [رواه أبو داود]

الشرح

Еден човек од асхабите рекол: „Кога би клањал – па да се одморам.“ Но тие што беа околу него како да го укорија за тие зборови. Тогаш тој рече: „Јас го слушнав Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како вели: ,О Билал, повикај езан и икамет за намаз, да се одмориме со него.‘“ Зашто, навистина, намазот претставува интимно обраќање кон Возвишениот Аллах и носи смирување за душата и за срцето.

فوائد الحديث

Смиреноста на срцето се постигнува преку намазот, зашто во него има интимно обраќање на Возвишениот Аллах.

Изразување неодобрување (и укор) за оној што е мрзелив во извршувањето на ибадетите.

Оној што го извршува она што му е задолжително и ја исполни својата обврска пред Аллах – добива со тоа одмор и чувство на смиреност.

التصنيفات

Вредноста на намазот, Езанот и икаметот