إعدادات العرض
,Кој ќе се заколне во нешто друго освен во Аллах, направил неверство (куфр) или многубоштво (ширк).'“
,Кој ќе се заколне во нешто друго освен во Аллах, направил неверство (куфр) или многубоштво (ширк).'“
Ибн Омер, Аллах нека е задоволен со него, слушнал некој човек како вели: „Не, се колнам во Ќаба.“, па Ибн Омер рекол: „Не се колни во ништо друго освен во Аллах, бидејќи го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: ,Кој ќе се заколне во нешто друго освен во Аллах, направил неверство (куфр) или многубоштво (ширк).'“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी ئۇيغۇرچە Kurdî Hausa Português മലയാളം తెలుగు Kiswahili မြန်မာ Deutsch 日本語 پښتو Tiếng Việt অসমীয়া Shqip Svenska Čeština ગુજરાતી አማርኛ Yorùbá Nederlands සිංහල தமிழ் ไทย دری Akan Български Fulfulde Magyar Italiano ಕನ್ನಡ Кыргызча Lietuvių Malagasy नेपाली or Română Kinyarwanda тоҷикӣ O‘zbek Azərbaycan Moore Wolof Oromoo Soomaali Українська bm km rn Српски ქართულიالشرح
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нè известува дека кој ќе се заколне во нешто друго освен во Аллах, или Неговите имиња и својства, направил чин на неверство или ширк, бидејќи колнењето подразбира величање на она во што се колне, а величието му припаѓа само на Возвишениот Аллах. Затоа, не треба да се колнеме во ништо друго освен во Аллах, или во Неговите имиња и својства. Под ова колнење се подразбира малиот ширк; но, ако оној што се колне го велича она во што се колне на начин како што се велича Возвишениот Аллах, или повеќе од тоа, тогаш тоа е голем ширк.فوائد الحديث
Величањето преку колнење е право кое му припаѓа исклучиво на Возвишениот Аллах, и затоа не треба да се колнеме освен во Него, или во Неговите имиња и својства.
Асхабите, Аллах нека е задоволен со сите нив, се грижеа кога е во прашање наредувањето на доброто и забранувањето на злото, особено кога се однесуваше на ширкот или неверството.