„Аллаховиот роб кому ќе се даде позиција меѓу луѓето и тој ги измами, кога ќе умре, Аллах ќе му го забрани (влезот во) Џенетот

„Аллаховиот роб кому ќе се даде позиција меѓу луѓето и тој ги измами, кога ќе умре, Аллах ќе му го забрани (влезот во) Џенетот

Од Макил бин Јесар, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како кажува: „Аллаховиот роб кому ќе се даде позиција меѓу луѓето и тој ги измами, кога ќе умре, Аллах ќе му го забрани (влезот во) Џенетот."

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, нè известил дека секој кому Аллах му дал одговорност и позиција меѓу луѓето, без оглед дали се работи за општа позиција, како што е владетел, или одговорност на пониските нивоа, како што е одговорноста на мажот во фамилијата, или на жената со нејзините деца, оној кој е несовесен во обврските кон своите поданици, кој ги мами и не ги советува, кој ги занемарува нивните верски и световни права, ја заслужил оваа тешка казна.

فوائد الحديث

Ова предупредување не е специфично само за владетелот муслиман и неговите заменици, туку се однесува општо за сите кои имаат некаква одговорност и позиција.

Обврска е на сите кои добиле некаква одговорна функција меѓу муслиманите, е да бидат искрени со нив, и да се трудат во исполнувањето на доверениот аманет, и да се чувааат од измами.

Одговорноста е голема за секој кој прифатил општа или специфична функција, било голема или мала.

التصنيفات

Шеријатска политика