дека Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, бил прашан: „Што најмногу ќе ги однесе луѓето во Џенетот?" „Богобојазливоста и убаво однесување

дека Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, бил прашан: „Што најмногу ќе ги однесе луѓето во Џенетот?" „Богобојазливоста и убаво однесување

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, вели дека Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, бил прашан: „Што најмногу ќе ги однесе луѓето во Џенетот?" „Богобојазливоста и убаво однесување“, одговори тој. „А што најмногу ќе ги одведе луѓето до Огнот?", „Јазикот и половиот орган." одговорил Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.

[حسن صحيح] [رواه الترمذي وابن ماجه وأحمد]

الشرح

Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни појаснува дека најголемите причини за влез во Џенетот ќе бидат: Богобојазливоста и убавото однесување. Богобојазливост е помеѓу тебе и џехенемскиот оган да поставиш препрека, така што ќе ги извршуваш Неговите наредби и ќе ги избегнуваш Неговите забрани. Убавото однесување е да бидеш со озарено лице, да правиш добрина и да не вознемируваш никого. И дека најголемите причини за влез во Џехенемот ќе бидат: Јазикот и половиот орган. Гревовите кои ги правиме со јазикот се: лажењето, озборувањето, пренесувањето на туѓите зборови и др. Гревовите на половиот орган се: блудот, хомосексуалноста и други.

فوائد الحديث

Влегувањето во Џенетот има свои причини кои се однесуваат на нашиот однос со Аллах Возвишениот, меѓу кои е и побожноста. И причини врзани за нашиот однос кон луѓето - убавото однесување.

Опасност која ја има јазикот за неговиот сопственик, тој е една од причините за влез во Џехенемот.

Страстите и развратот се опасни за човекот, и тие се од најчестите причини за влез во Огнот.

التصنيفات

Добри морални особини, Опис на Џенетот и Џехене