„Семоќниот Аллах му дава рок на неправедникот, но кога ќе го фати нема да може да избега

„Семоќниот Аллах му дава рок на неправедникот, но кога ќе го фати нема да може да избега

Ебу Муса, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Семоќниот Аллах му дава рок на неправедникот, но кога ќе го фати нема да може да избега. Потоа, Пратеникот го рецитирал ајетот: ,Ете така Господарот твој казнува кога казнува села и градови кои правеле насилства, Тој ги казнува, навистина, болно и страшно.‘“ [Худ: 102].

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, нè предупредува за тоа колку е погубно да се настојува во гревови, ширк (политеизам) и неправда кон луѓето. Аллах, Севишниот, го остава неправедникот да прави неправда, го остава да живее, му дава богаство и му ја одложува казната, но ако не се покае, го зграбува и не го остава ниту го пушта поради неправдата што ја направил. Потоа Пратеникот го цитирал ајетот: „Ете така Господарот твој казнува кога казнува села и градови кои правеле насилства, Тој ги казнува, навистина, болно и страшно.“ [Худ: 102].

فوائد الحديث

Паметниот треба да побрза да се покае, нема никогаш да биде сигурен од Аллаховата казна, доколку продолжи со неправедноста.

Аллах, Возвишениот, им дава рок на неправедните и не ибрзува со казната, за да навлезат подлабоко во гревот и за да им ја зголеми казната доколку не се покаат.

Неправедност е причина за Аллаховото казнување на цели народи.

Ако Аллах уништи некој народ, а помеѓу нив имало и добри луѓе, таквите ќе бидат оживеани на Судниот ден во состојба во која се наоѓале – со добри дела, и нема да им наштети тоа што ги опфатила казната предвидена за неправедните.

التصنيفات

Акида (исламско верување), Тевхид на Аллаховите имиња и атрибути, Лоши морални особини