إعدادات العرض
„Аллах не му прави неправда на верникот за неговото добро дело; го наградува на овој свет и ќе го награди и на идниот свет
„Аллах не му прави неправда на верникот за неговото добро дело; го наградува на овој свет и ќе го награди и на идниот свет
Енес бин Малик, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Аллах не му прави неправда на верникот за неговото добро дело; го наградува на овој свет и ќе го награди и на идниот свет. Што се однесува на неверникот, тој ќе биде награден за добрите дела што ги направил за Аллах на овој свет, но кога ќе дојде на идниот свет, нема да има добро дело за кое ќе биде награден.“
الترجمة
العربية English မြန်မာ Svenska Čeština ગુજરાતી አማርኛ Yorùbá Nederlands اردو Español Bahasa Indonesia ئۇيغۇرچە বাংলা Türkçe Bosanski සිංහල हिन्दी Tiếng Việt Hausa മലയാളം తెలుగు Kiswahili ไทย پښتو অসমীয়া Shqip دری Ελληνικά Български Fulfulde Italiano ಕನ್ನಡ Кыргызча Lietuvių Malagasy or Română Kinyarwanda Српски тоҷикӣ O‘zbek नेपाली Moore Kurdî Oromoo Wolof Soomaali Français Tagalog Azərbaycan Українська bm தமிழ் Deutsch ka Portuguêsالشرح
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ја објаснува Аллаховата огромна сомилост кон верниците и Неговата праведност кон неверниците. Што се однесува на верникот, наградата за неговото добро дело не се намалува; тој ја добива награда за тоа уште на овој свет и ќе биде награден и на идниот свет. Понекогаш целата награда за одредени дела му се чува само за идниот свет. Што се однесува на неверникот, Аллах му дава награда за добрите дела што ги направил на овој свет, но кога ќе дојде на идниот свет, нема да има добро дело за кое ќе биде награден, бидејќи доброто дело што користи на двата света мора да биде направено од верник.فوائد الحديث
Оној кој ќе умре како неверник, неговите дела нема да му користат.