إعدادات العرض
„Немој да велите: ,Тоа што го сака Аллах и го сака тој и тој‘, туку кажете: ,Тоа што го сака Аллах, па потоа тоа што го сака тој и тој.‘“
„Немој да велите: ,Тоа што го сака Аллах и го сака тој и тој‘, туку кажете: ,Тоа што го сака Аллах, па потоа тоа што го сака тој и тој.‘“
Од Хузејфе, радијаллаху анху, се пренесува, дека Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: „Немој да велите: ,Тоа што го сака Аллах и го сака тој и тој‘, туку кажете: ,Тоа што го сака Аллах, па потоа тоа што го сака тој и тој.‘“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी ئۇيغۇرچە Hausa Kurdî Kiswahili Português සිංහල Svenska Čeština ગુજરાતી አማርኛ Yorùbá Tiếng Việt ไทย پښتو অসমীয়া دری Кыргызча or नेपाली Malagasy Kinyarwanda తెలుగు Lietuvių Oromoo Română മലയാളം Nederlands Soomaali Српски Українська Deutsch ಕನ್ನಡ Wolof Moore Shqip ქართული Azərbaycan Magyar தமிழ்الشرح
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, забранил еден муслиман да каже: Така сакал Аллах и тој и тој, или: Што сакаше Аллах и тој и тој, тоа бидна; затоа што, тоа што го сака Аллах е апсолутно, и никој не може да му биде соучесник во она кое Тој го посакува и го прави. Кога ќе го употребиме сврзникот „и“ тоа значи дека спомнатиот после сврзникот е на ниво на Аллах и сме ги изедначиле. Треба да се каже: Се случи она што го сака Аллах, а потоа што посакува тој и тој, со ова посакувањето на Божјиот роб го следи она што го сакал Аллах, бидејќи кажавме „потоа“ наместо „и“, и во тој случај зборот „потоа“ означува последователност и одложување.فوائد الحديث
Забрането е да се каже: „Што сака Аллах и што сакаш ти“, и слични изрази во кои Аллах е поставен на иста ниво со некој друг, со сврзникот „и“. Ова претставува ширк во изразувањето и говорот.
Дозволено е да кажеме: „Што сака Аллах, а потоа што посакуваш ти“, и слични фрази, затоа што сврзникот овде е направен со зборот „потоа“, бидејќи така се избегнува забранетото.
Потврда на Аллаховото својство да посака, како и потврдата дека човекот исто посакува, но човековото сакање е подредено на сакањето на Возвишениот Аллах.
Забрана да го ставиме на исто ниво посакувањето на човекот со она што Аллах го сака, па дури и да е само со зборови.
А доколку, тој што кажува така, верува дека сакањето на човек е исто како и она што Аллах го сака, дека се еднакви во сеопфатноста и универзалноста, или да смета дека човекот има независна волја, тогаш тоа претставува голем ширк, а ако не верува вака, тогаш е мал ширк.
التصنيفات
Тевхид улухијје- тевхид на обожување