„Примерот на лицемерот е како примерот на овцата што се движи помеѓу две стада, час оди во едното, час во другото.“

„Примерот на лицемерот е како примерот на овцата што се движи помеѓу две стада, час оди во едното, час во другото.“

Ибн Омер, Аллах нека е задоволен со него, раскажува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Примерот на лицемерот е како примерот на овцата што се движи помеѓу две стада, час оди во едното, час во другото.“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ја објаснил состојбата на лицемерот, велејќи дека тој е сличен на овцата што се колеба и не знае кое стадо да го следи, час оди кај едното стадо, час кај другото. Тие се збунети помеѓу верувањето и неверието; ниту се целосно со верниците, ниту надворешно, ниту внатрешно, ниту, пак, со неверниците. Нивниот надворешен изглед потсетува на верниците, но внатрешноста им е полна со сомнеж и колебање, па понекогаш се наклонети кон едните, а понекогаш кон другите.

فوائد الحديث

Од методите на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, е да дава примери за што појасно да ги приближи значењата.

Ова ја објаснува состојбата на лицемерите, нивната колебливост и нестабилност.

Предупредување од состојбата на лицемерите и поттикнување на искреност и одлучност во верата, како надворешно така и внатрешно.

التصنيفات

Хипокризија