,Кој ќе стави амајлија, направил ширк.‘“

,Кој ќе стави амајлија, направил ширк.‘“

Од Укбе ибн Амир ел Џухени, радијаллаху анху се пренесува: „Група луѓе дошле кај Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, и тој ја прифатил заклетвата од девет, но не сакал да ја прифати од еднен од нив. ,Аллахов пратенику, ти ја прифати заклетвата од деветмина, а не ја прифати од еден од нив?‘ тој им рече: ,Тој носи амајлија.‘ Човекот потоа ја откина и ја фрли, па Пратеникот ја прифати заклетвата и од него. Пратеникот тогаш рекол: ,Кој ќе стави амајлија, направил ширк.‘“

[حسن] [رواه أحمد]

الشرح

Група од десет луѓе дојдоа кај Аллаховиот пратеник, алејхи селам, за да му дадат заклетва за исламот. Пратеникот ја прифатил од деветмина, но од едниот не ја прифатил. На прашањето за причината, тој одговорил: „Тој носи амајлија“. Се работи за мониста или нешто друго, закачено и врзано за одреден предмет со цел да се одбегне урокот или штетата. Тој човек потоа ја фатил со раката амајлијата, ја скинал и ја фрлил. После тоа, Пратеникот ја прифатил заклетвата и од него и рекол, појаснувајќи го правилото на амајлиите и предупредувајќи ги за прописот: „Тој што ќе закачи амајлија направил ширк.“

فوائد الحديث

Кој ќе се потпре врз некој друг освен Аллах, Аллах ќе му врати со спротивно од она што го целел.

Мал ширк е верувањето дека носењето амајлии е причината за заштитување од штета и од урок. Меѓутоа, ако човекот е убеден дека амајлиите сами по себе носат корист, тоа е голем ширк.

التصنيفات

Тевхид улухијје- тевхид на обожување