Му рековме: ,Ти си нашиот господар!‘, а тој рече: ,Господарoт е Аллах.‘ ,Tи си највредниот и најплеменитиот меѓу нас.‘ Тој рече: ,Кажeте како што кажавте или дел од тоа,…

Му рековме: ,Ти си нашиот господар!‘, а тој рече: ,Господарoт е Аллах.‘ ,Tи си највредниот и најплеменитиот меѓу нас.‘ Тој рече: ,Кажeте како што кажавте или дел од тоа, но немој шејтанот да ве одведе во заблуда.‘“

Од Абдулах бин Шихир, радијаллаху анху, се пренесува дека, рекол: „Бев во делегацијата на племето Бани Амир што отиде кај Аллаховиот пратеник, алејхи селам. Му рековме: ,Ти си нашиот господар!‘, а тој рече: ,Господарoт е Аллах.‘ ,Tи си највредниот и најплеменитиот меѓу нас.‘ Тој рече: ,Кажeте како што кажавте или дел од тоа, но немој шејтанот да ве одведе во заблуда.‘“

[صحيح] [رواه أبو داود وأحمد]

الشرح

Група на луѓе дојде кај Аллаховиот пратеник, алејхи селам, и кога стигнале, искажале пофални зборови, кои не му се допаднале на Аллаховиот Пратеник. Рекоа: „Ти си наш господар.“ Аллаховиот пратеник, алејхи селам, им рече: „Аллах е Господарот.“ Тој е апсолутен Господар на сите созданија, а тие се Негови робови/Нему потчинети. Рекоа: „Ти си највредниот помеѓу нас.“, на највисоко дереџе, најпочитуваниот и најугледниот. Ти исто така си и „најплеменитиот“ најблагородниот, најдарежливиот и највозвишениот. Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, потоа ги посоветувал да го користат вообичаениот начин на зборување и да не ги преминуваат границите, за шејтанот да не ги наведе на претерување, кое може човекот да го одведе во политеизам/многубоштво или кон она што води кон политеизам.

فوائد الحديث

Големиот углед и почит кон Аллаховиот пратеник, алејхи селам, кои ги чувствуваа асхабите во себе.

Забрането е да се пренапрегнуваме при зборување, треба што помалку да зборуваме.

Заштита на монотеизмот, од сè што може да му наштети, со зборови или дела.

Забрана на претераната пофалба, таа е начин на шејтановото влијание кај човекот.

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, е избраникот на човечкиот род. Меѓутоа, хадисот ја укажува неговата скромност и страв дека луѓето можат да претераат во пофалбите кон него.

التصنيفات

Пратеникот Мухамед, Божјиот мир и благослов нека се со него.