„Вистински ги одржува роднинските врски не оној што само возвраќа на посетите, туку оној кој ја одржува врската дури и кога таа е прекината.“

„Вистински ги одржува роднинските врски не оној што само возвраќа на посетите, туку оној кој ја одржува врската дури и кога таа е прекината.“

Абдулах бин Амр, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Вистински ги одржува роднинските врски не оној што само возвраќа на посетите, туку оној кој ја одржува врската дури и кога таа е прекината.“

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни вели дека: Совршеноста во одржувањето на роднинските врски и добрината кон роднините не е само во возвраќањето на добрината, туку вистинскиот одржувач на тие врски е оној кој ја одржува врската дури и кога таа е прекината, иако му е направена неправда; тој им возвраќа со добрина.

فوائد الحديث

Одржувањето на роднинските врски според шеријатот значи да ги поврзуваш врските со оние кои ги прекинале, да им простуваш на оние кои те повредиле, и да им даваш на оние кои ти ускратиле. Тоа не е само заемно одржување на врските и возвраќање на добрината.

Одржувањето на роднинските врски вклучува давање на што е можно повеќе добрина, како што се имотот, довите, наредувањето на доброто и спречувањето на злото, и отстранувањето на што е можно повеќе зло од нив.