Запишувај! Се колнам во Оној во чија Рака е мојата душа, од оваа (устата моја) не излегува ништо освен вистина.‘“

Запишувај! Се колнам во Оној во чија Рака е мојата душа, од оваа (устата моја) не излегува ништо освен вистина.‘“

Од Абдулах ибн Амр, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: „Јас запишував сѐ што ќе слушнев од Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, со цел да го запомнам. Но, Курејшиите ме спречија и ми рекоа: ,Зар запишуваш сѐ што слушаш од Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, а тој е човек кој зборува и кога е лут и кога е задоволен?‘ Поради тоа престанав да пишувам, па му го спомнав тоа на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, а тој со прстот покажа кон својата уста и рече: ,Запишувај! Се колнам во Оној во чија Рака е мојата душа, од оваа (устата моја) не излегува ништо освен вистина.‘“

[صحيح] [رواه أبو داود]

الشرح

Абдуллах ибн Амр ,радијаллаху анху, рекол: „Јас запишував сѐ што ќе слушнев од Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, за да го запомнам преку пишување. Но, некои луѓе од Курејшиите ме спречија и ми рекоа: ,Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, е човек, зборува и кога е со добро расположение и кога е лут, и може да згреши.‘ Па престанав да пишувам. Му го кажав тоа на Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, па тој со прстот покажа кон својата уста и рече: ,Пишувај! Се колнам во Оној во Чија Рака е мојата душа — од оваа уста не излегува ништо освен вистина, во сите состојби — и кога сум задоволен и кога сум лут.‘“ Возвишениот Аллах за Својот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели: „Тој не зборува по своја волја. Тоа е само објава која што му се објавува.“ (Ен-Неџм: 3-4)

فوائد الحديث

Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, е заштитен од грешка (тој е непогрешлив) во сè што пренесува од својот Возвишен Господар — и кога е доброволен и кога е лут.

Посветеноста и грижата на асхабите, радијаллаху анхум, во зачувувањето и пренесувањето на Сунетот

Дозволеноста на колнење, дури и без да се побара колнење, ако има корист – како за потврдување на нешто важно.

Запишувањето на знаењето е една од најважните причини за негово зачувување.

التصنيفات

Важноста и значењето на сунетот, Запишување на пратеничкиот сунет, Пратеникот Мухамед, Божјиот мир и благослов нека се со него.