,Најлошиот човек кој краде е оној што го краде својот намаз.‘…

,Најлошиот човек кој краде е оној што го краде својот намаз.‘ Му беше речено: ,А како го краде својот намаз?‘ Рече: ,Не го извршува целосно неговиот руку и неговата сеџда.‘“

Од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: „Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели: ,Најлошиот човек кој краде е оној што го краде својот намаз.‘ Му беше речено: ,А како го краде својот намаз?‘ Рече: ,Не го извршува целосно неговиот руку и неговата сеџда.‘“

[صحيح] [رواه ابن حبان]

الشرح

Пратеникот ﷺ појасни дека најгрдиот облик на кражба е кога човекот краде од својот намаз. Тоа е така бидејќи кога некој краде од имотот на друг, можеби ќе има некаква корист од тоа на дуњалукот, но овој човек краде од самиот себе — се лишува самиот себе од наградата и добрината на делото. Го прашале: „О Аллахов Пратенику, а како краде од својот намаз?“ Рече: „Не извршува целосно поклонот-руку и сеџда“ — односно се брза на руку и на сеџда, па не ги извршува како што треба, со смиреност и потполност.

فوائد الحديث

Важноста на убавото извршување на намазот и исполнувањето на неговите столбови со смиреност и побожност.

Описот на оној што не извршува целосно руку и сеџда како крадец, има за цел застрашување од таквото однесување и укажување дека тоа е забрането.

Задолжително е целосното извршување на руку и сеџда во намазот, како и исправното подигнување по нив.

التصنيفات

Столбови на намазот, Опис на намазот, Грешките на клањачите