إعدادات العرض
„При нужда, не се свртувајте кон киблата ниту со лицето, ниту со грбот. Наместо таа насока, свртете се кон истокот или западот.“
„При нужда, не се свртувајте кон киблата ниту со лицето, ниту со грбот. Наместо таа насока, свртете се кон истокот или западот.“
Од Ебу Ејуб ел Енсари, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот веровесник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „При нужда, не се свртувајте кон киблата ниту со лицето, ниту со грбот. Наместо таа насока, свртете се кон истокот или западот.“ Ебу Ејуб рекол: „Кога пристигнавме во Шам, најдовме нужници изградени свртени кон киблата, се свртувавме налево или надесно и баравме прошка од Возвишениот Аллах.“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी සිංහල ئۇيغۇرچە Hausa Português Kurdî Kiswahili دری অসমীয়া ไทย Tiếng Việt አማርኛ Svenska Yorùbá Кыргызча ગુજરાતી नेपाली Oromoo മലയാളം Română Nederlands Soomaali پښتو తెలుగు Kinyarwanda ಕನ್ನಡ Malagasy Српски Moore ქართული Українська Čeština Magyarالشرح
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му забранил на оној што сака да изврши мала или голема нужда да биде свртен кон киблата, односно кон Ќабата, било со лицето или со грбот. Наместо тоа, треба да биде свртен од неа, насочувајќи се кон исток или запад, ако неговата кибла е како онаа на жителите на Медина (кон југ). Потоа Ебу Ејуб, Аллах нека е задоволен со него, раскажува дека кога пристигнале во Шам, виделе нужници изградени и свртени кон Ќабата. Поради тоа, со своите тела се свртувале од правецот на киблата и покрај тоа барале прошка од Аллах.فوائد الحديث
Мудроста на оваа забрана е во величањето и почитувањето на чесната Ќаба.
Барање прошка по излегувањето од местото за извршување нужда.
Убавиот начин на подучување на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем; Тој кога ја спомнал забранетата постапка, истовремено ги упатил кон дозволената алтернатива.