„Џибрил толку често ме советуваше (да се однесувам добро) со соседот, што помислив дека ќе има удел во наследството.“

„Џибрил толку често ме советуваше (да се однесувам добро) со соседот, што помислив дека ќе има удел во наследството.“

Ибн Омер, радијаллаху анхума, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Џибрил толку често ме советуваше (да се однесувам добро) со соседот, што помислив дека ќе има удел во наследството.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, нѐ известил дека Џибрил постојано му укажувал дека е неопходно да се грижи за соседот, без разлика дали е близок или далечен, било да е муслиман или неверник. Неговото право мора да се почитува и не смееме да му наштетиме. Кон него треба да бидеме добродетели и да бидеме трпеливи ако нѐ вознемирува. Аллаховиот Пратеник дури мислел, поради правото кое го има, и заради повторувањето кое доаѓало од Џибрил, дека ќе биде објавено во Куранот, на соседот да му биде доделен дел во наследството.

فوائد الحديث

Огромното право кое го поседува соседот, и обврската да се почитува тоа право .

Истакнувањето на можноста соседот да има право во наследството, укажува на обврската да се однесуваме љубезно кон него, да се однесуваме со почит и добрина, да не му наштетиме, да го посетуваме кога е болен, да му честитаме по повод радосен настан или да му изразиме сочувство кога ќе го снајде несреќа.

Колку е поблиску куќата на соседот, толку поголеми права има.

Совршенството на исламското законодавство и на сето она на што нѐ поучува и дека целта е да се постигне општествена добросостојба која е условена и со добро однесување кон соседите и заштита од штета на истите.

التصنيفات

Примирје и прописи поврзани со меѓучовечките односи