„Не му е дозволено на човекот да не зборува со својот брат повеќе од три дена, се сретнуваат и еден на друг му го вртат грбот. Подобар е тој што прв ќе се поздрави со…

„Не му е дозволено на човекот да не зборува со својот брат повеќе од три дена, се сретнуваат и еден на друг му го вртат грбот. Подобар е тој што прв ќе се поздрави со селам.“

Од Ебу Ејуб ел Енсари, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Не му е дозволено на човекот да не зборува со својот брат повеќе од три дена, се сретнуваат и еден на друг му го вртат грбот. Подобар е тој што прв ќе се поздрави со селам.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му забранил на муслиманот да го избегнува својот брат муслиман повеќе од три ноќи, да се среќаваат двајцата, и да не се поздрават ниту да зборуваат меѓу себе. Подобар од овие двајца е оној кој се обидува да го прекине ова избегнување со поздравот - селам алејкум. Оваа меѓусебно избегнување се однесува на тоа кога човекот избегнува некого заради некои лични работи, а што се однесува до избегнувањето на некого заради Аллах, како што е: избегнувањето на новатори, грешници и лошо друштво, за вакви не е ограничено време, туку зависи од општиот интерес кој се постигнува со избегнувањето, па кога се губи користа и интересот престанува и избегнувањето.

فوائد الحديث

Дозволено е да избегнуваме некого во период од три дена или помалку, имајќи ја предвид човечката природа, затоа се дозволува избегнување во период од три дена во кој период ќе исчезне причината поради која избегнуваме некого.

Вредност на селамот, тој ги отстранува манифестациите на егоизмот, и тој е знак на меѓусебна љубов.

Исламот се грижи за братски и блиски односи на неговите следбеници.

التصنيفات

Доблести и манири, Игнорирање на другите и условите кој треба да се исполнат с, Едеби на селамот и барањето на дозвола за влез