,Немојте да ме воздигнувате како што христијаните претерале во воздигнувањето на Иса синот Мејремин, алејхи селам. Навистина јас сум само роб па кажете: ,Аллахов…

,Немојте да ме воздигнувате како што христијаните претерале во воздигнувањето на Иса синот Мејремин, алејхи селам. Навистина јас сум само роб па кажете: ,Аллахов роб и Негов пратеник.‘“

Од Омер бин Хатаб, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: „Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: ,Немојте да ме воздигнувате како што христијаните претерале во воздигнувањето на Иса синот Мејремин, алејхи селам. Навистина јас сум само роб па кажете: ,Аллахов роб и Негов пратеник.‘“

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, забранува претерување и преминување на шеријатските граници во неговото фалење и опишување со особини и дела кои му припаѓаат само на Аллах, како што се знаењето на скриеното или да му се упатува дова заедно со Аллах, како што направија христијаните со Иса, синот на Мерјем, алејхи селам. Потоа објасни дека тој е само роб од Аллаховите робови и нареди да го опишуваме како: Аллахов роб и Неговиот Пратеник.

فوائد الحديث

Предупредување од преминувањето на шеријатските граници во величањето и фалењето, бидејќи тоа води до ширк.

Она за што предупреди Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, токму тоа и се случи во овој умет. Некои претеруваа во величањето на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, други во величањето на членовите на неговото семејство, а трети во величањето на добрите верници, па паднаа во ширк.

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се опиша себеси како Аллахов роб за да укаже дека не поседува никакви божествени особини.

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се опиша себеси како Аллахов пратеник за да укаже дека е испратен од Аллах и дека треба да му се верува и да се следи.