إعدادات العرض
„Џехенемот е опкружен со страсти, а Џенетот е опкружен со потешкотии.“
„Џехенемот е опкружен со страсти, а Џенетот е опкружен со потешкотии.“
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Џехенемот е опкружен со страсти, а Џенетот е опкружен со потешкотии.“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी Tiếng Việt සිංහල ئۇيغۇرچە Kurdî Hausa Português മലയാളം မြန်မာ Deutsch 日本語 پښتو অসমীয়া Shqip Svenska Čeština ગુજરાતી አማርኛ Yorùbá Nederlands తెలుగు Kiswahili தமிழ் ไทย دری Български Fulfulde Magyar Italiano ಕನ್ನಡ Кыргызча Lietuvių Malagasy or Română Kinyarwanda тоҷикӣ O‘zbek Akan नेपाली Moore Azərbaycan Wolof Oromoo Soomaali Українська bm km rn ქართული Српски lnالشرح
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, објаснува дека Џехенемот е опкружен со работи кон кои копнеат страстите, како што се правењето на забранети дела или занемарувањето на обврските. Затоа, кој ќе ги следи своите страсти во тоа, е од оние кои го заслужиле Џехенемот. Додека Џенетот е опкружен со работи кои страстите ги мразат, како што се постојаноста во извршувањето на верските обврски, избегнувањето на забранетите дела и трпеливоста во тоа. Кој ќе се бори и ќе ги надвладее своите страсти во тоа, е од оние кои го заслужиле Џенетот.فوائد الحديث
Една од причините зашто луѓето паѓаат во следењето на страстите е тоа што шејтанот им го украсува злото и лошото, така што душата ги гледа како убави и се приклонува кон нив.
Наредбата за избегнување на забранетите страсти, бидејќи тие водат кон Џехенемот, и наредбата за трпение при тешкотиите, бидејќи тие водат кон Џенетот.
Вредноста на борбата со својот нефс, трудот во ибадетот и трпението во тешкотиите и напорите кои ги опкружуваат добрите дела.