„Навистина има луѓе кои го злоупотребуваат јавниот имот, за таквите е подготвен Џехенемот на Судниот ден

„Навистина има луѓе кои го злоупотребуваат јавниот имот, за таквите е подготвен Џехенемот на Судниот ден

Се пренесува дека Хавла ел Енсарија, радијаллаху анха, кажала: Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Навистина има луѓе кои го злоупотребуваат јавниот имот, за таквите е подготвен Џехенемот на Судниот ден."

[صحيح] [رواه البخاري]

الشرح

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, ни кажува за луѓето кои незаконски и бесправно го користат/присвојуваат имотот на муслиманите. Овој хадис се однесува на сите видови незаконско стекнување на имот, како и неговото незаконско трошење. Тука спаѓа неовластеното користење на имотот на сирачињата, вакафски имот, негирање на доверените предмети на чување и несоодветна употреба на јавен имот. Потоа нѐ извести Аллаховиот пратеник, алејхи селам, дека казната ќе биде Огнот на Судниот ден.

فوائد الحديث

Имотот кој е заедничка сопственост на муслиманите е всушност сопственост на Аллах. Им дал да го користат на пропишан начин, а не да го трошат на она што не е пропишано. Ова важи како за владетелите, така и за обичните луѓе.

Исламското законодавство го осудува бесправното трошење на јавен имот, и тој што ќе ја преземе одговорноста за тој имот, ќе одговара на Судниот ден за неговите криминалии и за злоупотребите кои ги направил.

Во оваа осуда спаѓа и тој што бесправно го троши било својот или, пак, туѓиот имот.

التصنيفات

Доблести и манири, Осудување на љубовта кон овој свет