,,Кој имитира еден народ, тој е еден од нив

,,Кој имитира еден народ, тој е еден од нив

Ибн Омер, радијаллаху анхума, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: ,,Кој имитира еден народ, тој е еден од нив."

[حسن] [رواه أبو داود وأحمد]

الشرح

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, во овој хадис ни кажува дека оној кој имитира некого, без разлика дали се неверници или грешници или добри луѓе, постапувајќи според нивни специфични обреди и ритуали во верувањето, богослужба или обичаи - тој се смета за еден од нив. Бидејќи, имитирањето во надворешна смисла води до имитација и во внатрешна смисла, а несомнено е дека имитирањето на некого е производ на восхит кон него, а може да доведе и до љубов, глорификација и до приклонување. А сето ова го води човекот кон тоа да го имитира таквиот и во внатрешните верски работи - Аллах да нѐ сочува од тоа.

فوائد الحديث

Предупредување да не ги имитираме неверниците и грешниците.

Поттик да ги имитираме добрите луѓе и да ги следиме истите.

Имитирање на надворешното ќе вроди со имитирање на внатрешното.

Човекот ќе добие закана за казна и грев сразмерно на количината и видот на имитацијата која ја прави.

Забрането е имитирање на неверниците во нивната вера и обичаите кои се специфични за нив. Што се однесув, пак, за другите работи како што е учењето на некој занает и слично, тоа не е забрането.

التصنيفات

Забрането имитирање