„Олеснувајте, а не отежнувајте, израдувајте и не растерувајте.“

„Олеснувајте, а не отежнувајте, израдувајте и не растерувајте.“

Од Енес ибн Малик, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Олеснувајте, а не отежнувајте, израдувајте и не растерувајте.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, ни наредува да им ги олесниме работите на луѓето, било да се работи поврзани за овој или за идниот свет и да не им предизвикуваме потешкотии, под услов сето тоа да биде во границите на пропишаното и дозволеното од Аллах. Исто така нè поттикнува и да ги израдуваме со доброто, и во ниеден случај да не предизвикаме кај луѓето оддалечување од доброто.

فوائد الحديث

Обврска на верникот е да биде причина луѓето да го засакаат Аллах и да им даде поттик да прават добрина.

Тој што повикува кон Аллах треба мудро да постапува во начинот како ќе им го достави на луѓето повикот во исламот.

Израдувањето води кон среќа, прифаќање и радост на повикувачот, исто така и кон она во што тој ги повикува луѓето.

Отежнувањето води кон оддалечување и сомнеж во она што го зборува повикувачот.

Големината на Аллаховата милост кон Неговите робови и задоволството Аллахово кое се постигнува преку овој едноставен и лесен верозакон.

Олеснувањето кое е наредено е важен принцип на исламскиот верозакон.

التصنيفات

Добри морални особини